Најмалку три лица се повредени во пожар кој изби на рускиот носач за авиони „Адмирал Кузњецов“, пренесуваат агенциите. Пожарот на носачот на авиони избил за време на работа при негово одржување во пристаништето во Мурманск, на Баренцовото Море, пренесува агенцијата „Ројтерс“.
„РТ“ пренесува дека огнот го предизвикал проблем при заварување, а пожарот потоа се проширил на 120 квадратни метри на големото пловило.
Во моментов, „Адмирал Кузњецов“ е единствениот активен руски носач на авиони. Изграден е како брод за Советскиот сојуз и требаше да биде првиот носач на авиони во својата класа.
В Мурманске произошел пожар на авианосце «Адмирал Кузнецов»
Крейсер загорелся во время ремонтных работ. pic.twitter.com/Dk8uTRE9wo
— Актуальная Россия (@RussiaActually) December 12, 2019
Меѓутоа, направен е само уште еден носач на авиони од оваа класа, Варјаг, кој никогаш не е пуштен во употреба. Украина го продаде на Кина, под услов да не го користи во воени цели.