Џевдет Хајредини
Значи, г. Хан, тоа што Вие во вашите извештаи со години наназад сте го пишувале, дека Македонија ги исполнувала сите услови за да ги почне преговорите за влез во ЕУ, доколку ги реши споровите со соседите, не било точно.
Да била состојбата таква, државата не ќе беше заробена и не ќе влезеше во криза, од која, без вашата и помошта на САД, не ќе можеше да излезе, а датумот ќе го добиеше уште лани.
За жал, во С. Македонија и сега се присутни на власт некои од тие што, за да се спасат од одговорност за криминалот и корупцијата извршени во минатото, ги кочат реформите кои е неопходно да се извршат.
Затоа, г. Хан, за кризата низ која Македонија поминува(ше), не сте безгрешни ниту Вие, ниту вашите претходници.
Можно е и Вие, со задоцнување, грешките да ги признаете, како што тоа го прави господинот Ерван Фуере.
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.