Во Бутел денеска на површина од околу 720 метри квадратни е отворено инклузивно игралиште чии реквизити се достапни и може да ги употребуваат и деца со попреченост.
Станува збор за инвестиција вредна околу 3,9 милиони денари од страна на Град Скопје и партерно уредување од 1,5 милион денари што ги издвои Општината Бутел.
„Пред десетина дена во Општина Бутел отворавме сензорска соба, а денеска го пуштаме во употреба инклузивното игралиштето чиишто реквизити се соодветни за користење од децата со и без попреченост. Станува збор за една политика која јас како градоначалник и Градот Скопје ја имаме кон инклузивноста и кон тоа дека секој во нашиот град мора да добие еднаква шанса. Игралиштето се простира на површина од 720 м2, а со оваа инвестиција вредна околу 3.900.000 денари дадени од Градот и партерното уредување од околу 1.500.000 денари што го обезбеди Општина Бутел, покажуваме дека соработката меѓу институциите и тоа како вродува со плод. Јас ги охрабрувам и градоначалниците на другите општини да влегуваме во вакви заеднички реализации на проекти коишто се битни и покажуваат дека секој во нашиот град е важен“, изјави градоначалникот Шилегов.
Град Скопје направи вакво инклузивно игралиште и во Карпош, а истото беше пуштено во употреба претходниот викенд.
А. П.