Categories

ЗАК0Н Градот Загреб им ги простува режиските долгови и на голем број богаташи

Градот Загреб ќе им прости на граѓаните долговите до 10.000 куни за комунални услуги, чии сметки се блокирани и се под закана за запленуаање. Потегот предизвика големи реакции во јавноста бидејќи не постои социјален или имотен цензус, па така долгови ќе им се простат и на магнати, фудбалери и дилери на оружје, објави весникот „Јутарњи лист“, (1 куна = 0,13 евра).

Откако на 21 јули стапои во сила Законот за отпишување долгови на физички лица, Градот им ги отпишува долговите и на оние кои никако не можат да влезат во категоријата социјални случаи.

Весникот „Јутарњи лист“ објави дека најголем дел од наведените на  листата имаа долг поголем од милион куни, а рекордерот има 40 милиони куни, вкупен долг.

Поранешниот генерал на хрватската армија, Владимир Загорац, осуден за разни злосторства во Хрватска и Австрија, е на листата за бришење на долгот за комунални услуги. Најпознат е по кражбата на дијаманти. Во 2006 година, Загорац се најде на листата на 50 најбогати Хрвати со дури 26 милиони евра лично богатство.

Долгот ќе му биде простен и на сопругот на заменик-премиерот и министерка за надворешни и европски работи, Марија Пејчиновиќ Буриќ, кој е директор на МЦЦ. На листата се и фурбалерите Звонимир Бобан како и спортските работници Зоран Мамиќ и Дино Дрпиќ.

Контроверзниот магнат од Шибеник и плејбој Андрија Кевиќ исто така е блокиран, кој во 2015 година заврши во затвор за финансиски малверзации, а живее во два милиони евра вредна вила.

Комуналии не платил Звонко Зубак, моќен дилер на оружје, чие богатство беше проценето на 71 милион евра.

Сметки не ги плаќал дури и најуспешниот хрватски возач на автомобили Нико Пулиќ, а во блокада е наследник на замок вреден три милиони евра од семејството Вернер во Тушканац, која беше резиденцијален објект на Министерството за одбрана. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email