Граѓан(к)ите на Скопје со поделени мислења на прашањето на ЦИВИЛ Медиа какво е нивното очекување за најавената „метла“ на премиерот Зоран Заев, по завршување на претседателските избори.
„Очекувам да има промени, можеби не некои ригорозни, тоа ќе се случи понатаму. Би требало да има промени, бидејќи ако некој работел несовесно, нечесно и незаинтересирано и чекал некој друг да му ја заврши неговата работа, треба да се смени, оти времето поминува. Две години им измина во овие трчаници, им остана уште малку време да направат нешто“, вели една граѓанка.
„Не очекувам ништо, оти има непотизам, другарство… не очекувам никакви промени“, додава друг граѓанин.
„Исто е сè, ќе ги избрка овие и ќе постави свои луѓе и пак ќе биде исто“, потенцира еден граѓанин.
„Очекувам да има подобрување и тоа што е украдено да се врати во државата тогаш ќе бидеме најбогата држава во Европа“, истакна друг граѓанин.
Еден граѓанин вели дека не е фер само припадници на една политичка партија да лежат во затвор за украдените пари.
Ангела Петровска
Текст и камера: Дехран Муратов
Монтажа: Ариан Мехмети