Граѓаните револтирани од високите сметки на ЕВН продолжуваат со повиците преку социјалните мрежи за организирање протести против компанијата која во текот на месеците декември и јануари на граѓаните им наплаќаше високи сметки за струјата.
Многу куќи, освен сметки со вртоглави цени, остануваат и без струја. Некои населби во Скопје беа дури и без јавно осветлување, а од компанијата ЕВН не ги земаа предвид поплаките, пренесе Клан Македонија.
Поради високите сметки за струја, граѓаните решија својот револт да го изразат со протест.
Според повикот што се дистрибуира на социјалните мрежи, протестот ќе се одржи денеска, со почеток во 13:00 часот, пред канцеларијата на ЕВН во Бутел. Граѓаните на социјалните мрежи дистрибуираа и слики од нивните сметки. Некои од нив се движеа од 35.000 до 75.000.
Во многу куќи, велат граѓаните, дека иако ги платиле сметките, ЕВН ги повторила сметките со исти цени.
Додека компанијата молчи, Македонски инженери вчера побараа да се проверуваат часомерите секој месец, барање кое го поддржа и РКЕ. Во меѓувреме, Министерството за енергетика излезе со појаснувања и инструкции што да прават за граѓаните кои добиваат високи сметки и се сомневаат во сметките што им ги испраќа компанијата ЕВН.
Фото: ЦИВИЛ Медиа