Претседателот Стево Пендаровски денеска во Вила Водно ќе прими претставници на здружени граѓански организации и иницијативи.
Лицата кои ќе присуствуваат на средбите се потписници на отвореното писмо упатено до претседателот Пендаровски на 30 октомври 2019 година, поврзано со заштитата на животната средина.
Извор: МИА