• Latest

Грацијано: Северна Македонија игра важна улога во стабилноста на регионот

October 4, 2019
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
Фото: Државна служба за вонредни ситуации на Украина/Телеграм

„Злобен напад“ – 4 убиени, десетици повредени во Киjив во масивен руски ракетен напад

November 14, 2025

Руски разузнавач уапсен во Белград, а потоа ослободен следниот ден

November 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Грацијано: Северна Македонија игра важна улога во стабилноста на регионот

October 4, 2019 12:57
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Претседавачот на Воениот комитет на Европската Унија, генерал Клаудио Грацијано во рамки на неговата официјална посета на Армијата на Република Северна Македонија денеска оствари средби со својот домаќин, началникот на ГШ на Армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

Како што соопшти Генералштабот на Армијата, на средбата на генерал Ѓурчиновски со Грацијано, кој е прв претседавач на Воениот комитет на ЕУ што ја посетува нашата држава, се разговарало за учеството на Армијата во мировните операции на Европската Унија, процесот на трансформација и интеграција во НАТО и за искажаната поддршка од страна на Воениот комитет на ЕУ за нашите интегративни процеси во евроатланските структури.

– На средбата меѓу министерката за одбрана Радмила Шекеринска и високиот гостин стана збор за учеството на нашата земја во меѓународни обуки и мисии на ЕУ и соработката. Двајцата соговорници го поздравија континуираниот ратификациски процес за членството на Северна Македонија во НАТО и изразија надеж дека кон средината на месецов ќе биде донесена и одлука за почеток на преговори за членство во ЕУ. Министерката Шекеринска рече дека вчерашното заедничко писмо на клучните луѓе на Унијата до земјите членки да одобрат преговори е силна порака до нашата земја и до регионот, се наведува во соопштението.

На состанок на кој на делегацијата на ЕУ и бил презентиран придонесот на единиците на Армијата во мировните операции со акцент на операциите предводени од Унијата, генералот Ѓурчиновски истакнал дека нашето учество и придонес во заедничката одбранбена политика е важен инструмент во интензивирањето на политичкиот дијалог со ЕУ и е еден од елементите на проценката на Европската комисија во исполнување на критериумите во членството во ЕУ.

Грацијано искажал пофални зборови за учеството и професионалноста на припадниците на Армијата на Република Северна Македонија во мировните мисии и притоа истакнал дека земјава игра важна улога во стабилноста на регионот со пристапот и начинот на решавање на предизвиците од политички и безбедносен аспект.

– Очекувањата се дека со нашето полноправно членство во НАТО и во европската безбедносна одбранбена политика ќе имаме можност директно ќе бидеме вклучени и ќе имаме поактивна улога во безбедноста и стабилноста на регионот и пошироко, се наведува во соопштението.

За време на престојот делегацијата на ЕУ ќе ги посети и единиците на Армијата во касарната Илинден и претставништвото на Европската Унија во земјава.

Армијата на Република Северна Македонија како дел од стратегиската определба за членство во ЕУ декларираше свои единици за учество во мировната мисија на ЕУ, Алтеа во Босна и Херцеговина во која активно учествуваме од 2006 година. Во мисијата во состав на единиците досега учествувале повеќе од 300 припадници на Армијата, а во 2008 година враќајќи се од оваа мисија трагично го завршија животот 12 наши припадници. Покрај учеството во АЛТЕА, Армијата на Република Северна Македонија партиципира и во борбените групи на ЕУ, каде во текот на 2014 година на вежбата „Брз Лав“ во Белгија, активно учествуваше со една декларирана пешадиска чета, се додава во соопштението на ГШ на Армијата. /МИА

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ