Гласањето за Преспанскиот договор, кое требаше да се случи синоќа е одложено за денеска попладне поради големиот број пријавени пратеници за збор. Од вкупно 300 пратеници, збор побарале 230 пратеници.
Вчеравечер додека траеше дебатата, околу илјада членови на националистички организации беа собрани пред парламентот во Атина и во Солун извикувајќи „Македонија е само грчка“. Дел од нив фрлаа со пиротенички материјали и камења врз полицијата.
Припадниците на полициските сили употребија шок бомби, спреј и палки за растерување на насилните демонстранти.
Д. М.