Categories

АЛИЈАНСА Грција ќе гласа за пристапниот протокол на Македонија во НАТО

Грчкото Собрание денеска ќе гласа за Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО откако вчера доби зелено светло на Комитетот за надвореша политика и одбрана со мнозинство гласови.

Во грчкото Собрание потребни се 151 глас за да помине Протоколот. Очекувањата се дека влезот во НАТО на Македонија ќе биде поддржан, по поддршката на Преспанскиот договор.

По прогласувањето на Протоколот за пристап во НАТО, останува сите 29 земји -членки да го изгласаат по што Македонија ќе стане полноправна членка со новото име Северна Македонија.

Б. Ј.

image_pdf image_print
Print Friendly, PDF & Email