Грчкото Собрание денеска ќе гласа за Протоколот за пристапување на Македонија во НАТО откако вчера доби зелено светло на Комитетот за надвореша политика и одбрана со мнозинство гласови.
Во грчкото Собрание потребни се 151 глас за да помине Протоколот. Очекувањата се дека влезот во НАТО на Македонија ќе биде поддржан, по поддршката на Преспанскиот договор.
По прогласувањето на Протоколот за пристап во НАТО, останува сите 29 земји -членки да го изгласаат по што Македонија ќе стане полноправна членка со новото име Северна Македонија.
Б. Ј.