Мирно, со помал инцидент на Крит, завршија протестите во Грција против употребата на името Македонија во решението на спорот со името меѓу Грција и Македонија.
Во 24 града во Грција се протестираше, во просек со окoлу 500 граѓани по град. На цетралниот собир пред споменикот на Александар Македонски во Пела протестираа околу 2.000 луѓе. На протестите учествуваа и свештени лица, а пораката што и денеска се упати беше дека Македонија е грчка. Сенка на мирната атмосфера фрли само инциденотот во Хања, Крит каде група анархисти се судрија со полицијата и еден полицаец бипе полесно повреден. Според најавите, во Атина се очекува масовен протест на 8 јули.
Грчките медиуми известуваат дека протестите биле масовни, но може да се рече дека беа неуспешни.
Неофицијално, утре вечер се очекува одговор од Заев дали во недела ќе се потпишува договорот со Ципрас во Мала Преспа.
Известува: Александрос Стаматиу
Фотографии: SOOC
[envira-gallery id=”67208″]
Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста
Преземање на содржините под различни услови од наведените не е дозволено, освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ. Повредата на авторските права е забранета со закон.