Рушењето на Националниот театар во Тирана беше едно од прашањата што доминираа на денешната седница на албанскиот парламент.
Опозициската пратеничка Рудина Хајдари, барајќи објаснувања од премиерот Рама, го обвини дека го урна театарот затоа што сакал да изгради кула. Таа дури направи и споредба меѓу премиерот Рама и поранешниот македонски премиер Груевски. „Цел свет гледа во вашето варварско лице да ја сруши оваа зграда. Сакам да ве потсетам дека имавте опсесија не само со овој театар, туку и со земјиштето. Да беше театарот на друго место, ќе го оставевте таму каде што е.Но, бидејќи го сакате токму тоа земјиште, среде Тирана, го срушивте театарот. Го срушивте затоа што сакате да градите кули. Зошто ви се потребни овие кули? Жал ми е што Вие, господине Премиер, продолжувате и ја злоупотребувате својата моќ. Она што ме зачуди е фактот колку далеку одите за да го добиете тоа земјиште… Вие станавте Никола Груевски. Денес веќе сте истиот тој, и ќе ја имате истата судбина “,изјави меѓу другото г-ѓа Хајдари.