Утре нема да се одржи судско рочиште за тужбата за клевета и навреда од Никола Груевски против Зоран Заев, пишува „Макфакс“.
Причината за тоа е што Никола Груевски преку адвокат во меѓувреме ја повлекол тужбата против Зоран Заев за неговата изјава за случајот „Македонска банка“.
„Тужителот преку својот полномошник со поднесок го извести судот дека се откажува од тужбеното барање во целост. Со оглед на наведеното, на 8.01.2019 година, вон рочиште донесена е пресуда врз основа на одрекување, согласно со чл.318 од Законот за парнична постапка“, велат од Основниот суд Скопје 2 за „Макфакс“.
Минатата година, во септември, пет врховни судии одлучија позитивно за барањето за ревизија кое го поднесоа адвокатите на Заев, а со правосилна пресуда Заев беше осуден дека јавно го наклеветил поранешниот премиер Никола Груевски за продажбата на „Македонска банка“.
А. П.