Со 58 гласа „за“ и 29 гласа „против“, Собранието денеска одлучи да не му го одземе пратеничкиот мандат на Никола Груевски. Ваквата одлука се гласа со двотретинско мнозинство.
На пленарната седница во Собранието немаше дискусија и по кратка постапка пратениците не ја прифатија одлуката на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања за одземање на мандатот на Груевски поради правосилната двегодишна затворска казна во предметот на СЈО „Тенк“.
Груевски сега ја чека одлуката на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 по неговата жалба за одлагање на затворската казна, која требаше да почне да ја издржува најдоцна до 8 ноември.
К. С.