Од секојдневните поенти на Џевдет Хајредини, издвојуваме:
Наводните разговори за консензуален претседател, исто како и во 2014 година, немаат за цел ништо друго освен обид на ДУИ за измама, манипулација и дефокусирање на неинформираните граѓани. Имаат за цел, меѓу другото, да се заборават истрагите на СЈО, да се заборават истрагите за двајцата функционери во актуелната Влада, за кои зборуваа Премиерот Заев и Амбасадорот на САД, Бејли, како и многу други работи поврзани со реформите во судството и државната администрација.
Претходно, Хајредини ни напиша:
Зошто Али Ахмети, во договор со Груевски, без да наведе било каква причина, во 2014 година побара вонредни парламентарни избори, со што создаде услови Ѓорѓе Иванов да биде избран за претседател?
Џевдет Хајредини, реномиран експерт за финансии и извонреден политички аналитичар, секојдневно објавува кратки пораки и поенти за политичкото секојдневие на Македонија. Неговите пораки секогаш се добра гимнастика за подобрување на морално-политичката кондиција на општеството.