Поенти на Џевдет Хајредини за вистинските мотиви на Али Ахмети за неговата поддршка на заедничкиот претседателски кандидат, Стево Пендаровски.
Али Амети нема легитимитет да зборува во име на Албанците. На Стево Пендаровски неговата поддршка може само да му наштети. Али Амети има само една грижа – тој самиот и неговите полтрони што го опкружуваат да се спасат од „бомбите“ на Заев и на Груевски.
Али Ахмети излажа денеска пред медиумите, кога изјави дека нема да излезе со кандидат за претседател на државата, бидејќи ќе изгубел. Два пати во минатото, иако знаеше дека ќе изгуби. Излезе со свој кандидат во 2004 година со Гзим Острени и 2009 година со Агрон Буџаку.
Џевдет Хајредини, реномиран експерт за финансии и извонреден политички аналитичар, секојдневно објавува кратки пораки и поенти за политичкото секојдневие на Македонија. Неговите пораки секогаш се добра гимнастика за подобрување на морално-политичката кондиција на општеството.
фото: Биљана Јордановска/ЦИВИЛ
Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста