поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
На Али, откога е на власт, никој од албанските медиуми и новинари во Македонија, немаат смелост да му постават прашања кои тој не ги сака, од страв дека ќе ги нарече оти се “вегетирани”, дека ќе им го прекине “зобот” или дека, во крајна линија, ќе им го испрати дури и Фатмир Бесими, зашто не ја поднесува нивната врева.
*
Несфатливо е што Бујар и натаму останува шеф на Кризниот Штаб и главен ковид координатор, кога се знае дека само тој, за разлика од сите други, не го разбра погрешно Поглаварот Реџепи, дека корона вирусот веќе не постои и за Бајрам џамиите, за разлика од Истанбул, Мека и Медина, во Македонија ќе бидат отворени. Исто така, на располагање ќе бидат и 10.000 активисти на ДУИ, кои веќе посетиле повеќе од 2000 семејства, за да им кажат дека не се сами.