пишува: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Постои ли некој што му верува на Бујар дека ДУИ е заштитник на Преспанската Спогодба, дека има решавачка улога на патот на државата кон ЕУ, дека уценува, но, не за лични, туку за интересите на граѓаните, дека го држи кормилото на евроатланскиот курс, дека уценувала за решавање на името, за потребата на патот кон НАТО, за договорот со Бугарија, за Законот за јазиците, за изборот на Талат Џафери и др.
Ако е ова точно, останува нејасно зошто ДУИ во текот на скоро десет години, колку беа во коалиција со ВМРО и имаа двотретинско мнозинство, за овие прашања никогаш не го уценија Груевски? Да не беше, случајно, амнестијата во прашање, за да го остават раат цел мандат, како што во една “бомба” викаше самиот Груевски?