Али Ахмети денес ни даде до знаење, меѓу другото, дека често се сеќава на многуте посети со г. Коѕијас кои што биле ‘силно конструктивни, секогаш отворени и искрени’, кога делеле исто мислење, имале исто убедување, толку, што ги зближил истиот оптимизам дека ќе стигнат тука.
Но, се сеќавам како денес на зборовите на г. Коѕијас, кои што ги кажа пред новинарите на излегување од еден состанок со Али Ахмети заедно со двајца негови „експерти“:
„Да, се сретнавме, но јас моите ставови за името, пред една недела имав можност да му ги кажам на министерот за надворешни, г. Димитров“. Само толку, доволно за тие кои разбираат.
Инаку, Коѕијас е автор на 24 книги. Овој податок за г. Коѕијас ги додавам со цел да се знае кој со кого разговара.
Џевдет Хајредини
(Фејсбук статус)
Од албански преведе: Ариан Мехмети