Денешната поента на Џевдет Хајредини се однесува на поканата на високиот американски функционер Филип Рикер на Македонија и на разговорите околу реформите што тој ги има со македонскиот државен врв. Како тоа изгледа низ критичкиот филтер на Хајредини?
Додека Рикер и Заев зборуваат за реформите што треба да се спроведат, Бујар, во својство на Претседател на Работниот Комитет за евроинтеграции, вели дека од наша страна сè е завршено и дека топката е кај ЕУ, само да ни ја испрати поканата. Изгледа, вонредната состојба која тој пред некој ден ја прогласи во владата, веднаш ги даде резултатите.
По сè изгледа дека и Јово Вангелоски го даде својот придонес.