Џевдет Хајредини потсетува на декларираната „соработка“ меѓу ДУИ и ВМРО-ДПМНЕ, па оттаму поентира дека оваа „соработка“ е заслужна за спасувањето на Трајко Велјаноски од притвор. Во продолжение, Хајредини им порачува и на министрите на Владата да се воздржат од фалби за своите успеси.
Од една информација на ВМРО, што се објави во еден портал, произлегува дека (цитирам):
„Сите функционери на ДУИ за кои поседуваме материјали со компромитирачка содржина ги контактираме, им ветуваме поддршка и им даваме задачи постепено да станат наши соработници“.
Веројатно, еден од примерите за ова “соработка” е и спасувањето од притвор на Трајко Велјаноски.
*
Нема потреба министрите толку многу да зборуваат за своите успеси. Оставете ги самите успеси да зборуваат.