Владата реши да го претопи СЈО во ОЈО. Ден порано, Вровен ги ослободи Јордан Камчев, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ (случај „Империја“ на СЈО) од домашен притвор. Џевдет Хајредини коментира:
ЕУ и САД, со чија помош се формираше СЈО, во никој случај не треба да дозволат за неговата судбина да одлучуваат токму тие, чиј криминал и корупција тоа треба да го гони.
Џевдет Хајредини, реномиран експерт за финансии и извонреден политички аналитичар, секојдневно објавува кратки пораки и поенти за политичкото секојдневие на Македонија. Неговите пораксекогаш се добра гимнастика за подобрување на морално-политичката кондиција на општеството.