поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Познато ни е во минатото какви биле изборите со потпишан кодекс за фер и демократски избори. Овој пат требаше да видиме какви би биле без потпишан кодекс.
*
Може да се смета и како заслуга на Али што не успеа, во повеќегодишна соработка со Груевски, да ги спречат членството на Македонија во НАТО и преговорите со ЕУ.
*
Да ги немаше Заев 49-те пратеници кои ги доби со гласовите на Албанците кои не гласаа за ДУИ, ниту толку силното ангажирање на Европа, Америка и НАТО, немаше да го оттргне Али од Груевски.
Јасно е дека ДУИ, иако е во власта, работи во интерес на ВМРО, за заедно да се спасат од одговорноста за невидениот криминал и корупција од времето на заедничкото владеење.
*
Амбасадорот Жбогар на заминување, ќе остане запаметен и по изјавите дека сме направиле сѐ што од нас е побарано и дека судиите не ни се толку лоши.
Испушти да ни кажува уште дека и политичарите не ни се толку корумпирани.