поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Дали ќе биде или не премиерот Албанец, не е неопходно сите албанци да гласаат за пратеници на ДУИ или било која друга партија. Услов е премиер Албанец да предложи партијата која ќе обезбеди минимум 61 пратеник кои ќе гласаат за него.
Се знае, исто така, дека за ова не се доволни ниту сите гласови на пратениците Албанци.
Напротив, можно е, ако постои политичка волја, победничката партија да избере премиер Албанец и без гласовите на пратениците Албанци.