поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
8 јули, 2020
Не е заслуга на никој друг, освен на Заев и Ципрас, поддржани од ЕУ и САД, за Преспанскиот договор и зачленувањето на Македонија во НАТО.
Никогаш немало потреба некој да се заложи да ги убеди Албанците дека му припаѓаат на западот. Особено не еден некогашен енверист.
Талат Џафери не стана претседател на Собранието со гласот на Али Ахмети, туку со гласот на закрвавениот Заев и на Зијадин Села, кого влечеа како безживотен.
„Добрите работи“ кои Али Ахмети се фали дека ги направил заедно со Груевски, во извештајот на неговата група, прецизно ги опиша Германецот Рајнхард Прибе, помогнат и од италијански експерти за борба против мафијата.
Невозможно е првиот премиер Албанец да биде избран без гласовите на тие за кои Али Ахмети вели дека „им се тресат нозете од оваа идеја“.