поентира: ЏЕВДЕТ ХАЈРЕДИНИ
Заев им наредува на министрите “да го слушаат гласот на граѓаните, како прецизна насока која доаѓа од највисоко ниво”.
Невозможно е на Заев да не му е познато дека министрите на ДУИ секогаш јавно изјавувале оти за нив важна е само “прецизната насока која доаѓа од највисоко ниво”, а тоа е лидерот на партијата и никој друг.
И граѓаните од Заев очекуваат да ги остварува ветувањата што ги давал последниве пет години, дека сите ќе одговараат за криминалот и корупцијата што го направиле за време на заедничката власт со Груевски, кои дури и самиот, не еднаш, ги спомнал.
*
За економијата нема потреба, ниту премиерот, ниту министрите многу да зборуваат и да се фалат, туку многу повеќе да работат, за што и се платени.