Денешната поента на Џевдет Хајредини се однесува на изјавата на новоизбраната претседателка на ДКСК, Билјана Ивановска, чија изјава се однесуваше на првите задачи на оваа институција, по долготрајната криза. Хајредини пишува:
„Новата антикорупциска претседателка изјавила дека, како прв чекор, ќе треба да се справат со претседателските избори. Изборите уште не се почнати, а таа знае дека ќе има корупција! Можно ли е оваа госпоѓа да не чита и да не слуша за корупциските скандали на носителите на актуелната власт што веќе секојдневно се случуваат? Стварно жалосно. Да не речам, глупо.“