Новиот закон за обвинителството со кој драстично се прекројува улогата на СЈО и на „бомбите“, покрена многу дискусии и предизвика големо, дополнително разочарување кај многумина. Преовладува мислењето дека овој закон ќе ги спаси криминалците од претходната власт, меѓу кои е и ДУИ, довчерашните верни коалициони партнери на режимот на Груевски, а сега коалициони партнери на СДСМ. Познатиот аналитичар Џевдет Хајредини ја „освежи“ ДУИ со нова поента за ЦИВИЛ МЕДИА. Тој вечерва пишува:
Доколку функционерите на ДУИ, со новиот закон за обвинителството, успеваат да се спасат од натамошното гонење за кривичните дела што произлегуваат од бомбите, тоа нема да значи и дека тие дела не ги сториле. Тоа ќе значи дека тие успеваат, користејќи ја позицијата на власт, само да не бидат казнети. Со тоа истовремено признаваат дека делата ги сториле.
Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста