По изборниот молк и слегнувањето на изборната прашина од првиот круга, а пред вжештувањето за вториот круг, ви ги откриваме поентите на Џевдет Хајредини во изминатите три дена. За предавството, за илузиите и за Препораката:
Заев, немој сите Албанци да ги ставиш во ист кош. Не се исти Албанците кои помогнаа да дојдеш на власт и ти ги предаде, и тие што треба да одат во затвор и од тебе очекуваат да ги спасиш. Сети се што ти рече еден Албанец во Чаир вечерта кога и ти дојде да ја славиш победата што им ја донесе. Тие и сега се во тајна коалиција со ВМРО, која за нив има материјали со компромитирачка содржина, како што и ти имаш. Такви Албанци сакате и ти и ВМРО. Така беше и во комунизмот.
Никаква корист државата ќе нема од реформата на судството, доколку со неа се создаде можност од гонење и судење да се спасат функционерите на ДУИ и ВМРО за кривичните дела што ги извршиле за време на десетгодишната заедничка власт.
По сѐ изгледа, само уште Бујар Османи остана да очекува дека С. Македонија во јуни ќе добие „еден од најдобрите извештаи на Европската Комисија од досега добиените“ и „кристално чистата препорака“.
Во тоа не верува дури и неговиот шеф (не Заев), кој пред два дена ни соопшти, сигурно од неговите вообичаено тајни извори, дека препораката ќе ја добиеме во септември.
Џевдет Хајредини е експерт за финансии, политички аналитичар и поранешен министер за финансии. Пипува кратки, ударни поенти за ЦИВИЛ Медиа речиси секој ден.
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста.
Повредата на авторските права е забранета со закон.
Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.