Во екот на очајничките обиди на ВМРО-ДПМНЕ (и нивните ортаци) да издејствува што е можно повеќе да се маргинализира функцијата на СЈО, Џевдет Хајредини со нова поента на сметка на овој процес:
Единствената цел на ВМРО и ДУИ не e каква ќе биде формалноправната поставеност и статусот на СЈО, туку дали ќе успеат од гонење за извршените кривични дела да се спасат сите тие за кои веќе се водат постапки, како и за делата кои се содржани во необјавените “бомби”. Практично, да се брише сѐ она за што СЈО беше формирано.
Инаку, јас не се сомневам дека ова ѝ е сосема јасно и на министерката Рената Дескоска.
Во меѓувреме, Хајредини на својот Фејсбук профил додава:
Дали е реално и ние и ЕУ да очекуваме реформа на државната администрација, правосудството и безбедносниот систем, кога тоа зависи од тајната коалиција на ВМРО и ДУИ, кои во текот на заедничката власт ги деформирале.