Џевдет Хајредини се срами од изјавите на Гордана Силјановска на ТВ Алсат М, па вели дека во иднина нема да кажува дека биле министри во иста влада. Тој денеска, за ЦИВИЛ МЕДИА пишува нова поента:
Во синоќешниот настап на ТВ Алсат М, Гордана Силјановска се обиде, фрлањето на близу една милијарда евра, пари на граѓаните на една од најсиромашните држави во Европа, покрај Вардар, на помалку од еден квадратен километар простор, да го спореди и оправда со тоа што на територијата на Македонија има и археолошки остатоци од античките цивилизации, како што се Стоби, Хераклеа и многу други.
Па ова не се очекува да го кажува, не универзитетски професор, туку и еден обичен граѓанин!
Со искажаните други бројни небулози, професорката успеа на моменти да го збуни и обично смирениот и талентиран новинар, Васко Попетрески.
Мене не ми останува ништо друго, освен во иднина да не кажувам дека со неа сме биле министри во иста влада.
Џевдет Хајредини, реномиран експерт за финансии и извонреден политички аналитичар, секојдневно објавува кратки пораки и поенти за политичкото секојдневие на Македонија. Неговите пораките секогаш се добра гимнастика за подобрување на морално-политичката кондиција на општеството.
Услови за користење, авторски права и заштита на приватноста