Денешните поенти на Џевдет Хајредини се како телефонски именик. Тој денеска ги споменува: премиерот Зоран Заев, градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, градоначалничката на Тетово, Теута Арифи, премиерот на Албанија, Еди Рама и на уште неколку други. Не го именува, но го подразбира и вицепремиерот задолжен за спроведување на Охридскиот договор.
Не верувам дека и Премиерот Заев ужива кога министерчето на ДУИ се изживува со градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.
Според кој закон, Господине Премиер, Вашиот заменик зема плата и кога не иде на работа?
Според кој закон, Г. Премиер, од државниот буџет на гласачите на ДУИ, без да се јавуваат на работа, платата им се испраќа дома?
Теута Арифи и тие мали зелени површини во градот што ги наследи, во соработка со урбаната мафија, кои ја советуваат, дефинитивно ги покри со бетон и со висококатници? Дивоградбите, како во градот, така и на Попова Шапка, со нејзиното доаѓање, продолжија со уште поголем интензитет. Не ги спроведува ниту правосилните решенија на надлежните инспекции и судови. За жал, оваа состојба уште повеќе се влоши со доаѓањето на Горан Сугарески како министер од СДСМ.
По сѐ изгледа, од оваа состојба, можеби, ќе нѐ спасат нејзините сѐ почести посети на Тирана и средбите со претседателот на собранието на Албанија, Грамоз Ручи и премиерот Еди Рама, кој неа ја смета како лидерка на позитивни процеси (за какви процеси, само тој знае) и осведочена партнерка на Албанија и Западот.