Categories

ПОЕНТИ Хајредини за „заслугите“, вработувањата и непотизмот

Остра поента на Џевдет Хајредини за приграбувањето на заслугите и за вработувањата во јавниот сектор. Хајредини за ЦИВИЛ МЕДИА напиша:

Не е точно дека за сите вработувања и за инвестициите во приватниот сектор е заслужна владата, како што произлегува од честите официјални владини соопштенија и јавните изјави на министрите.

Владата, без сомнение, е „заслужна“ за вработувањата во државната администрација и јавните претпријатија, што не е тешко, затоа што се плаќаат од буџетот.

Уште повеќе, некои министри и директори на јавни претпријатија се „заслужни“ за вработувањето и преместувањето на своите блиски роднини во државни органи и во јавни претпријатија, каде што платите и другите услови за работа се многу подобри.

Џевдет Хајредини, реномиран експерт за финансии и извонреден политички аналитичар, секојдневно објавува кратки пораки и поенти за политичкото секојдневие на Македонија. Неговите пораките секогаш се добра гимнастика за подобрување на морално-политичката кондиција на општеството.

Print Friendly, PDF & Email