Уверен сум дека годинава, пред летото Македонија ќе добие датум за преговори со Европската Унија, рече денеска во Виена еврокомесарот Јоханес Хан. Тој вели дека очекува до крајот на годинава Македонија да отвори две поглавја од преговарачкиот процес.
„Станува збор за поглавјата 23 и 24 и јас се надевам дека тоа ќе се случи. Работиме напорно да дадеме зелено светло за почеток на преговорите“ , рече Хан и додаде дека Македонија е единствена земја од Западен Балкан која нема билатерален конфликт со некоја земја од соседите.
Присуствуваат и македонски бизнисмени.












