Косовскиот премиер во оставка, Рамуш Харадинај, ќе биде испрашуван денеска од страна на Специјалниот суд. Сослушувањето ќе се одржи во 09:30 часот во Хаг, исто така, ќе биде сослушуван и Јакуп Красниќи, поранешен шеф на косовското Собрание. Се очекува холандската полиција да го зголеми своето присуство околу Трибуналот, бидејќи може да бидат организирани протести од албанската заедница што живее во оваа земја.
Во Хаг вчера беше интервјуиран Шукри Буја, друг поранешен водач на ОВК. Му беа прочитани прашањата од страна на обвинителите, но тој одби да одговори. Буја не беше прашан за посебни прашања, туку за улогата на синџирот на командата во војната.
Специјалниот суд е формиран за да го истражи извештајот на Дик Марти, каде се претендира за злосторства против Србите за време на Војната на Косово. Иако овој суд постапува врз основа на косовските закони, неговото седиште се наоѓа во Хаг.Хара