„Покрај сите апели до медиумите да не пренесуваат сексистички објави без критички да им се осврнат, одредени медиуми и новинари и самите се извор на вознемирувачки и мизогини изјави. Наместо да се борат против дискриминацијата и негативните појави во јавниот дискурс, тие директно придонесуваат за создавање атмосфера во која се исмева женското учество во јавниот живот и жените воопшто. Ваквото известување создава непријателска и понижувачка средина за сите жени. На фејсбук профилот на новинарот Љупчо Златев може да се прочита објавена порака која е насочена кон специјалната обвинителка Фатиме Фетаи, која има за цел да го повреди нејзиното достоинство и да ја дескридитира нејзината професионалност користи шовинистички и мизоген говор“, соопштија од Хелсиншки комитет за човекови права.
Од Хелсиншки комитет најостро ги осудија ваквите известувања и создавање на текстови и изјави кои жените ги ставаат во подредена позиција и го повредуваат начелото на рамноправност помеѓу мажот и жената. Тие ја повикаа Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, како и Советот за етика за медиумите и Здруженитео на новинари најостро да го осудат ваквото известување и ваквите изјави од новинарите, како и да повикаат на почитување на човековите права и слободи.
ЦИВИЛ -Центар за слобода веднаш реагираше на објавата на Златев осудувајќи го неговиот непрофесионализмот, говорот на омраза и не реагирањето на институциите на правда на ваквото преминување на сите можни граници на етичното и професионално новинарско известување.
Познатата групација блиска до ВМРО-ДПМНЕ, едноставно, не престанува со лажните вести и говорот на омразата, на етничка и…
Gepostet von Civil MK am Sonntag, 15. September 2019
Б. Ј.