Полицијата во Хонг Конг денеска ги опколи демонстрантите кои се забарикадираа на кампусот на Политехничкиот универзитет, со што речиси шестмесечната криза влезе во нова опасна фаза.
Денеска пред зора одекнаа неколку гласни експлозии, а потоа на влезот во Универзитетот се распламтни оган, што според локалните медиуми значи дека демонстрантите го одбиле обидот на полицијата да влезе во кампусот.
Полицијата го прогласи кампусот за „место на нереди“.
Се проценува дека на кампусот се забарикадирани околу 800 демонстранти, на кои не им е дозволено да излезат од универзитетскиот комплекс, со што се ослободени околните улици по дведневните барикади.
Полициски службеник во Хонг Конг вчера беше погоден од стрела кога полицијата употребила солзавец и водени топови во обид да ги растера демонстрантите кои го окупираат кампусот на универзитетот.
Демонстрантите од покривот на универзитетот ја гаѓаа полицијата со стрели и молотови коктели, а тие одговорија со солзавец и водени топови.
извор: МИА