Categories

АНТИКОРУПЦИЈА Хрватски ГОНГ бара повлекување на тендерот од 85 милиони куни за борба против корупцијата

Хрватската организација ГОНГ, посветена на унапредување на демократските процеси и водечка организација во следење на изборните процеси, побара од хрватската владина канцеларија за соработка со граѓанските организации да ги повлече и да ги промени условите за тендерот од 85 милиони куни од Европскиот социјален фонд за борба против корупцијата.

Условите ги обврзуваат граѓанските организации да влезат во партнерство со лидерите на градовите, општините и региони каде што тие локално работат против корупцијата.

ГОНГ предупредува дека граѓанските организации на овој начин се доведуваат во конфликтна ситуација која ќе го институционализира целиот процес и ќе го отежни остварувањето на нивните цели во борбата против корупцијата.

“Ако не се променат условите на тендерот, 85 милиони евра од Европскиот социјален фонд, наменет за антикорупциски проекти на локално ниво, ќе бидат потрошени на проекти кои нема да донесат значителни промени во борбата против корупцијата на локално ниво. Целта на крајот нема да се постигне ниту во однос на ЕСФ, ниту во однос на граѓаните кои како даночни обврзници го полнат тој фонд “, предупреди извршната директорка на ГОНГ, Јелена Берковиќ на прес-конференција “Како во борбата против корупцијата со Милан Бандиќ?”.

Милан Бандиќ, како градоначалник на Загреб, е поврзан со низа коруптивни скандали, обвинувања, но и истраги кои се во тек.

„Здруженијаta се во ситуација да бидат рекетирани. Тие можат да изберат дали да работат со локалните власти, така што ќе изберат бенигни идеи за проекти, или ќе се направи нешто што навистина ќе влијае на спречување на корупцијата, што без поддршка на политичките лидери не може да се направи, според сегашната поставеност“, предупредува Берковиќ.

ГОНГ со писмо се обрати до одговорните институции, Канцеларијата за соработка со невладините организации, Министерството за труд и пензиски систем и Комитетот за следење на програмата за ефективна заштита на човековите ресурси, барајќи повлекување на тендерот и негово повторно распишување со променети услови. Иницијивата е поддржана од дваесетина граѓански организации од Хрватска.

ЦИВИЛ -Центар за слобода одржува долгогодишна соработка со ГОНГ и ги подржува напорите на оваа организација во борбата против корупцијата. Како организација што постојано ги следи процесите поврзани со корупцијата во Македонија, ЦИВИЛ потсетува дека во антикорупциската борба треба да учествуваат не само институциите и граѓанските организации, туку и секој поединец без исклучок.

Б. Јордановска

Print Friendly, PDF & Email