Околу 72 отсто од Грците сакаат Грција да се повлече од договорот со Македонија, потврдија резултатите од анкетата за јавното мислење објавена од весникот Прото Тема, дистрибуирана во средата вечер, објави фактор.
Според анкетата спроведена од компанијата за социјални истражувања Интервју за грчкиот телевизиски канал Вергина, 72 отсто од Грците сакаат Грција да го отфрли договорот за Преспа по референдумот што се одржува во Скопје”. Во исто време, 68 отсто од граѓаните на Грција ја повикуваат владата да одржи референдум за ова прашање.
Во Грција од 1 до 2 октомври, по одржаниот референдум во Македонија, беше спроведена анкета за јавното мислење во која учествуваше репрезентативен примерок од 1.000 соговорници.