По нејзиниот сопруг, и новата прва дама Меланија Трамп лансираше криптовалута во пресрет на инаугурацијата на нејзиниот сопруг за претседател на САД, пренесе Би-Би-Си.
Соопштението доаѓа откако новоизбраниот претседател Доналд Трамп ја лансираше криптовалутата $Trump. И двете монети поскапеа, но забележаа нестабилна трговија.
На веб-страницата за „Official Melania Meme“ се наведува дека тоа е крипто средство создадено и следено на блокчејнот Солана.
Дисклејмерите на веб-страниците на монетите $Trump и $Melania велат дека тие „не се наменети или предмет на“ инвестициска можност или обезбедување.
Д. Т.