коментира: ДИЈАНА ТАХИРИ
Не можам, а да не забележам дека последниве неколку месеци, па и години, по социјалниве мрежи, во еден цел круг се формираат ќелии на истомисленици, некои спонтано, некои не толку спонтано.
Ќелиите се игнорираат меѓу себе, додека функционираат во истиот круг, т.е. истомислениците од една ќелија ги игнорираат тие од другата, и обратно. Колку и да се сложуваат со ставовите и мислењата.
Дали е ова вистинското време да се создаваат нови “влијателни“ ликови на нашево интернетско небо и поднебје? Толку ли е голема потребата на поедини ликови да се докажуваат токму сега и да прибираат внимание? Гледам луѓе со скоро идентични мисли како намерно да се одминуваат, а толку суета на едно место не е на арно. Не е време за „козата на комшијата“, време е за симетрија, ама не во оваа форма.
Најглупавите луѓе, одеднаш стануваат малку поумни кога ќе дознаеме дека имаат добро мислење за нас – Џад Морган.