• Latest

И натаму високи бројки позитивни на КОВИД-19, апел да се почитуваат сите мерки за заштита

November 22, 2020
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026

Лудачкиот одговор на Путин по отвореното писмо од Зеленски

June 5, 2026
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 8 мај 2026 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

ДРАМАТИЧЕН ДИПЛОМАТСКИ ПОТЕГ: Зеленски упати ултиматум и мировна понуда до Путин

June 5, 2026

На кои листи ќе нѐ има?

June 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

И натаму високи бројки позитивни на КОВИД-19, апел да се почитуваат сите мерки за заштита

November 22, 2020 09:46
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Бројките на позитивни на коронавирусот и на оние кои им е потребно болнично лекување и натаму остануваат високи. За подобро справување со ситуацијата и користење на сите ресурси на државата, па и приватните здравствени установи, Владата прогласи кризна состојба, а ЦУК веќе усвои Акциски план со 17 точки. И натаму остануваат апелите на надлежните, но и на здравствените работници кои се на првата линија во борба против пандемијата за почитување на сите мерки.

-Кризната состојба на целата територија на Северна Македонија во траење од 30 дена, што на предлог на Советот за безбедност ја прогласи Владата, и овозможи на Армијата да дава поддршка на полицијата и на здравствените установи, напиша вчера на Фејсбук претседателот Стево Пендаровски.

Претседателот додаде дека според Законот за менаџирање со кризи, Армијата ќе и помага на полицијата во обезбедување на стратешки објекти, болници, како и во обезбедување на магацини со лекови и со друга заштитна медицинска опрема.-Сметам дека ваквата помош и поддршка е повеќе од потребна за здравствените власти и полицијата, коишто веќе деветти месец деноноќно се борат се пандемијата на #КОВИД19 и се крајно исцрпени, пишува Пендаровски на Фејсбук.Синоќа на состанокот на главниот кризен штаб во Центарот за управување со кризи беше донесен Акциски план кој содржи 17 точки.

-Ние ќе работиме можеби споредна улога во ситуацијава, која ќе биде многу значајна за јавноста и на јакнење на јавната свест за граѓаните да сфатат дека се работи за една опасна болест со тоа што ќе бидат вклучени и претставници од невладиниот сектор, кои ќе бидат определени од Советот на Владата за соработка со невладини организации, вели Стојанче Ангелов.

Тој додава дека Армијата ќе и асистира на МВР, но и ќе им помага и на здравствените установи онаму каде што е најпотребна. Во овој случај, појаснува, кога е прогласена кризна состојба Армијата има право да презема одредени дејствија во делот на обезбедувањето.

-Акцискиот план треба да се разгледа од страна на Управувачкиот комитет пред да стапи на сила, вели Ангелов. Во видео обраќање, докторите Милена Стевановиќ, Дејан Докиќ, Калина Гривчева-Старделова, Илир Демири, Ирена Рамбабова Бушљетиќ, Димитар Каркински и медицинскиот техничар Сабри Азири порачуваат да бидеме нивна поддршка. Тие апелираат да ги почитуваме мерките за да може да им помогнеме и на нив, кои изминативе девет месеци се во првите борбени редови.

-Ангажирани сме цело време со сета наша желба да дадеме најдобро што можеме. Одамна престанавме да пресметуваме работно време. И ние имаме семејства, имаме деца, имаме постари родители. И ние не сакаме да ја однесеме болеста дома, ниту пак да се разболиме. Се трудиме и ќе настојуваме ниту еден пациент да не остане без потребната медицинска заштита за третман во болнички услови. Ова ќе трае и само сплотени можеме да дадеме придонес, за да можеме да им помогнеме на нашите пациенти. Ве молиме! Придржувајте се до препораките, носете ги маските, одржувајте ја дистанцата. Само така ќе излеземе победници во оваа битка, порачуваат докторите.

Од Министерството за здравство апелираат за почитување на мерките – носењето на заштитна маска, одржувањето на физичка дистанца, негрупирањето, како и честото миење на рацете, кои, како што велат, се клучните мерки во справувањето со Ковид-19 кризата.

-Капацитетите на болниците се веќе преполнети, а динамиката на излекување и прием на нови пациенти е се потешко одржлива. Целиот медицински персонал е преморен, но тие не се откажуваат во грижата за нашите пациенти. Да бидеме одговорни и да се грижиме за сопственото здравје и здравјето за нашите најблиски, посочија од Министерството за здравство.

Нови 1182 случаи позитивни на коронавирусот беа регистрирани вчера за изминатите 24 часа од направени 3109 тестирања. Во истиот период се регистрирани и 707 оздравени пациенти, како и 25 починати лица. Од Министерството за здравство информираа дека вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 1.292 и има околу 120 празни болнички кревети во ковид центрите, напоменувајќи дека бројката е променлива поради нови примени и исписи на оздравени пациенти.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ