Лицето Никола Војминовски, осуден на 13 години затвор за нападот на пратеникот Зијадин Села избегал, потврди и основиот суд Скопје 1.
По добиеното известување, Кривичниот совет при Основниот суд Скопје 1 – Скопје донесе решение со кое на обвинетиот му се определува мерка притвор од негово пронаоѓање односно лишување од слобода, а воедно издадена е и наредба за распишување интерна и меѓународна потерница – стои во сопштението на судот.
Војминовски е четврти човек што успеа да побегне од лицето на правдата. Претходно побегнаа началниците на петта управа Горан Грујовски и Никола Бошковски и поранешниот премиер Никола Груевски.
Кој ќе поднесе одговорност за овие чудни бегства?
Д. М.