Премиерот Оливер Спасовски на неговиот фејсук профил информираше дека денеска го добил резултатот од вториот тест на коронавирус и дека тој е негативен. -Многу е важно сите до еден целосно да ги почитуваме мерките и препораките. Секој од нас може да даде придонес за јавното здравје за наскоро да можеме заедно да го вратиме животот во новата нормала. Им благодарам на сите за поддршката. Останува и понатаму да внимаваме и да ги почитуваме мерките на предострожност. Да носиме заштитни маски, да држиме дистанца од два метри, да се чуваме себе и другите, напиша Спасовски. Тој вели дека само со заеднички придонес, полесно и побрзо ќе се добие битката со ковид-19.












