Oткако Филип Петровски, официјално не успеа да собере 10 000 потписи и да влезе во трката за претседател на државата со Стево Пендаровски, Гордана Силијановска и Блерим Река, на Твитер се јави генерал Стојанче Ангелов, кој напишал:
„Ќе ти исполнам една желба ако ме пуштиш, му рекла златната рипка на Филип Петровски.
– Врати го Солун на Македонија рекол Филип вадејки стара карта на Балканот.
– Тоа е невозможно, барај нешто друго!
– Собери ми 10.000 потписи.
– Дај тоа картата да ја погледнам уште еднаш“, напишал Ангелов.

Меѓутоа неофицијално, Петровски тврди дека собрал над 10 000 потписи и дека најавува правна разврска.
Д.М.