пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ
На некои им пречи што годинава на прославата на Илинден во Крушево ќе има и албански ора и песни. Иако и првиот и вториот Илинден биле „шарени“ и заеднички, за што има непобитни факти пред кои мижат, тие си го сакаат Илинден „чист“. Со години така и го прославуваа(т), исклучувајќи ги сите „други“ од она во што учествувале и за што се бореле.
Деновиве пукаат од нервоза, оти не им врви и се распукува нивата „чиста“ приказна. Затоа што Македонија, онаа „шарената“, идеја која се родила во заеднички борби за еднаквост и слобода, секогаш ги победувала и ќе ги победува.
Македонија решила да тргне на пат на заедништвото, а не на поделбите. Македонија решила да ја слави заеднички слободата.
Нека ни е вечна Републиката! Честит Илинден на сите Македонци, Албанци, Турци, Власи, Бошњаци, Роми, Срби, на сите ќерки и синови на Македонија, на сите граѓанки и граѓани на Република Северна Македонија!
#SiteSmeDecaNaIlinden
#DaZiveeRepublikata
#SFSN
Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.