Повеќе од 10.000 луѓе се дигнаа во српскиот главен град Белград синоќа во знак на протест против политиката на претседателот Вучиќ.
Во Белград синоќа протестираа 10.000 граѓани против политиките на српскиот претседател Вучиќ.
Зад протестите стои сојузот на опозициските партии кои го покриваат целиот политички спектар – од лево кон десно, и други политички сили. Демонстрантите веќе седма сабота се движат низ центарот на градот во правец на државната телевизија РТС скандирајќи „Вучиќ, оди си“, „Вучиќ е крадец“.
Минатата недела партијата на Вучиќ собра десетици илјади граѓани за да го пречекаат рускиот претседател Путин, во обид да покаже дека тој има повеќе следбеници отколку противници.