ЦИВИЛ на својата Фејсбук страница направи една мала неформална анкета.
Граѓанките и граѓаните својот глас за постоењето на фантомски гласачи во Избирачкиот список може да го дадат на следниот линк.
Прашањето на ЦИВИЛ е поттикнато од изјавата на директорот на Државната изборна комисија, Оливер Дерковски кој тврди дека: „Избирачкиот список е динамична категорија и никогаш нема да биде идеално чист затоа што во списокот се наоѓаат лица кои на дневна основа се менуваат. Ве уверувам дека нема фантоми во Избирачкиот список. Тоа беше терминологија што се користеше во изминатите години, веројатно, од други причини. Нема такви лица во Избирачкиот список“, истакнува Дерковски.