• Latest
Село Боснек (23 ноември 2021) При тежък пътен инцидент с автобус загинаха 46 човека. Произшествието е станало на магистрала "Струма" малко след 2.00 ч. тази нощ, близо до село Боснек. Жертвите са чужди граждани, а автобусът е пътувал в посока към Република Северна Македония. Седем души са спасени и са откарани в "Пирогов".
Пресфото - БТА снимка: Минко Чернев (ЕД)

Има ли осми преживеан патник во автобусот на „Беса Транс“, во Бугарија приведено лице за говор на омраза за трагедијата, жените жртви секогаш знаат дека се демнети

November 25, 2021
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Шест загинати во рускиот напад врз Кијив, Азербејџан упати силен протест до Москва откако руска ракета ја оштети и нивната амбасада

November 14, 2025
Фото: Скриншот, видео Гардијан

Демонстранти го блокираа главниот влез на зградата каде се одржува КОП30

November 14, 2025

Марш на ангелите – 30-тиот протесен марш за правда во Скопје

November 14, 2025
Фото: Фејсбук  на Љубомир Костовски

Министерот што подигнува само рачна, говори за брзината на пругите!

November 14, 2025

Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

November 14, 2025

Анализа на Гардијан: Климатското финансирање оди во погрешни раце – Кина, Саудиска Арабија и ОАЕ меѓу најголемите добитници

November 14, 2025
Фотографија: Скриншот

Новиот исламофобичен говор на Додик – радикална реторика што потсетува на воените злосторници од 90-тите, алармираат аналитичари и ОБСЕ

November 14, 2025
Фото: украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Масовен напад врз Кијив, Харкивскиот и Одескиот регион, има загинати и повредени, руските окупатори продолжуваат да напаѓаат врз луѓето

November 14, 2025
Скриншот од видео на CNBC-TV18

Првичните трендови на клучните индиски државни избори покажуваат водство на алијансата на премиерот Моди 

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Има ли осми преживеан патник во автобусот на „Беса Транс“, во Бугарија приведено лице за говор на омраза за трагедијата, жените жртви секогаш знаат дека се демнети

November 25, 2021 16:27
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Село Боснек (23 ноември 2021) При тежък пътен инцидент с автобус загинаха 46 човека. Произшествието е станало на магистрала "Струма" малко след 2.00 ч. тази нощ, близо до село Боснек. Жертвите са чужди граждани, а автобусът е пътувал в посока към Република Северна Македония. Седем души са спасени и са откарани в "Пирогов".
Пресфото - БТА снимка: Минко Чернев (ЕД)

Село Боснек (23 ноември 2021) При тежък пътен инцидент с автобус загинаха 46 човека. Произшествието е станало на магистрала "Струма" малко след 2.00 ч. тази нощ, близо до село Боснек. Жертвите са чужди граждани, а автобусът е пътувал в посока към Република Северна Македония. Седем души са спасени и са откарани в "Пирогов". Пресфото - БТА снимка: Минко Чернев (ЕД)

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Преживеан од трагедијата во Бугарија изјавил дека спасил осум лица, а не седум

Портпаролката на главниот обвинител на Бугарија Сијка Милева, денеска на прес-конференција со заменик-јавниот обвинител на Бугарија Борислав Сарафов изјави дека на местото на трагедијата се пронајдени 44 тела.

Таа информира дека се сретнала со преживеаниот маж кој и раскажал како го скршил стаклото на автобусот и рекол дека спасил осум лица, а не седум.

– Ние пронајдовме 44 трупа, а тој категорично изјави дека се спасени осум лица. Јас му реков вие сте седум во болницата. И тој категорично ми рече не, ние се спасивме осум лица. Во текот на истрагата, беа пронајдени 44 трупа. Според податоците со кои располагаме, патувале 52 лица, ние пронајдовме 44 тела, а се хоспитализирани седум лица – четворица мажи и три жени. Останува големата загатка, каде е осмото лице. Работиме на таа верзија, не сакаме да шириме дезинформации, може да се работи и за лошо сеќавање на сведокот, истакна Милева.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Жените жртви секогаш знаат дека се демнети, не мора тоа да биде само со физичко следење

„Позитивно е тоа што демнењето е ставено како посебно кривично дело кое беше предложено од Владата и тој текст треба да влезе во собраниска процедура. Ние правиме добри закони и постојано ги унапредуваме на хартија, меѓутоа треба да се имплементира и во пракса.

Најбитно е полицијата да ги препознае жените жртви, па ќе ја испроцесира пријавата до Јавното обвинителство за да следи истрага. Жртвите секогаш знаат дека се демнети, не мора тоа да биде само со физичко следење. Може да биде и со оставање писмо, уништување имот, да се појавува на места каде што жртвата се движи…“, Елена Димушевска, извршна директорка на Национална мрежа против насилство на жени и семејно насилство, во интервју за ЦИВИЛ Медиа (17 септември 2021 година).

ФЛЕШ ВЕСТИ

ГОВОР НА ОМРАЗА Бугарската полиција привела 24-годишен маж, кој објавувал коментари на Фејсбук, поврзани со трагичната несреќа со патничкиот автобус на автопатот Струма, некомпатибилни со моралните и етичките норми.

ИДЕНТИФИКАЦИИ Главниот бугарски обвинител Иван Гешев, во придружба на истражители, денеска доаѓа во Скопје за лично да поднесе барање за правна помош до Обвинителството во Северна Македонија. Бугарските обвинители треба да добијат ДНК профили од роднини на загинатите во автобуската несреќа заради идентификација на жртвите.

ПРЕЖИВЕАНИ Сите пациенти повредени во автобуската несреќа на автопатот Струма се во стабилна општа состојба, и нема опасност по нивните животи, соопштија денеска од болницата „Пирогов“.

ОСТАВКА СДСМ утревечер треба да одржи состанок на Централниот одбор, кој поради тридневната жалост беше одложен, а на кој се очекува оставка на претседателот на партијата и премиер Зоран Заев.

ПРАВДА Кривична пријава против лицето С.А.(36), раководител во Центар за вработување при АВРМ, денеска поднесе Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) до ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција, поради постоење  основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, предвидено и казниво по член 353 став 5 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

ИНТЕРВЈУ

Димитриевски: Живееме во црно-бел свет во којшто партиите се на прво место

Општата оценка на изборниот процес на Локалните избори 2021, текот на изборниот ден, како и согледувањата во постизборниот период беа темите на кои ЦИВИЛ Медиа разговараше со градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски.

 

Мургашанска: Гласачите во општина Куманово беа доведени во заблуда

Општата оценка на изборниот процес на Локалните избори 2021, текот на изборниот ден, како и согледувањата во постизборниот период беа темите на кои ЦИВИЛ Медиа разговараше со координаторката на Советничка група на СДСМ во Советот за Куманово, Атина Мургашанска.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Уште зборовите на Хусеини вчера утрината недоискажани, Министерството за транспорт ја одзема лиценцата за дејност на „БЕСА Транс“, а инспекциските органи (Секторот за професионална одговорност) на самата Царина „упаднаа“ на граничниот премин Деве Баир за вонредно да провери кога, колку пати и во кои царински смени неодредено време наназад ова возило транзитирало од Македонија кон Бугарија, иако не ги поседувало неопходните документи (два од пропишани три) за меѓународен транспорт.“, Сашо Орданоски во колумната Кој кого вози во Инспекторатот за транспорт?.

„Таквата судбина оваа термоцентрала со руска технологија  ја имаше во стартот – замислена дека ќе го напојува индустрискиот гигант „Фени“ уште во времето кога „Господ одеше по земја“, односно кога имавме на пазарот евтин мазут, таа веднаш не успеа да биде атрактивна, се додека не падна одлука на почетокот на овој век да се продава на некој странски понудувач. – инвеститор во нејзина работа, по можност на поинаков погон.“, пишува Љубомир Костовски во колумната „Манџурискиот“ енергетски кандидат од Бугарија пред 15 години ја постави на глава нашата инвестициска привлечност.

Д. Тахири

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    306 shares
    Share 122 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    119 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ